Сребро за Македонија од меѓународниот турнир „Bulgaria International Prvomay 2016“

PrvomajГолем успех за нашиот натпреварувач Петар Живковски кој во категорија У17 во машки сингл освои сребен медал и со ова ја исполни квотата да учествува на „Babolat International“ во организација на Светската бадминтон федерација BWF кој ќе се одржи од 06.10 – 10.10.2016 година во Софија.

Инаку на турнирот покрај Македонија учествуваа натпреварувачи и од 8 други земји: Бугарија, Турција, Грција, Грузија, Молдавија, Србија, Азербејџан и Романија.image-0-02-01-d613c1644a436b9265c5751756eeb6b1fb2b0a109314e454d016b5ce7f2f69f1-V

Инаку нашиот тим беше предводен од искусниот тренер Ина Стефановска со следните натпреварувачи: Живковски Петар, Ристеска Елена, Стојанов Леонид, Стефановска Ива.

Во останатите категории во женски и машки дубл нашите натпреварувачи се пласираа до 1/4 финалните мечеви.

Posted in Вести.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *