Успешно завршен “Семинар за Бадминтон тренери“ во општина Карпош

Сите љубители на бадминтонот со задоволство ги известуваме дека првиот дел од Проектот – ИГРАМЕ БАДМИНТОН – предуслов за психо-физичко здравје низ популаризација и омасовување во основните училишта од општина  „Карпош“, кој во соработка помеѓу Одделението за спорт на Општина карпош и  Бадминтон Федерација-та на Македонија се спроведува на територија на Општина Карпош е успешно завршен.

Имено, во период од 18 до 22 Јуни во просториите на ООУ “ Војдан Чернодримски“ , Б Ф М организираше и одржа пет дневен Семинар за Бадминтон тренери – Основно ниво на пријавените посетители – наставници од неколку основни училишта од Општина Карпош и студенти од Факултетот за Физичка Кулрура.

Во рамки на семинарот опфатени беа 10 часа теоретска и 10 часа практична презентација, под водство на Мр. Тасевски Горан ( прв Селектор на националната екипа на Македонија ) кој успешно ги воведе посетителите во основите на овој се попопуларен спорт кај нас.

По завршување на Семинарот, сите учесници кои успешно го завршиа истиот, се стекнаа со Сертификат и квалификација  БАДМИНТОН ТРЕНЕР – НИВО 1, што ќе им овозможи почеток на ангажман во своите средини ( училишни клубови, секции, наставни програми и сл) а се со цел поголем опфат на ученици од основните училишта и нивно инволвирање во спортот генерално, а дополнително и претставување на бадминтонот како спорт и негово омасовување.

Со Сертификат и квалификација БАДМИНТОН ТРЕНЕР – НИВО  I  (BASIC LEVEL) се стекнаа : 

  1. Петровски Зоран – ООУ “ Војдан Чернодримски“
  2. Илиоска Светлана – ООУ “ Владо Тасевски“
  3. Бочваровски Зоран – ООУ “ Аврам Писевски“
  4. Топезановска татјана – ООУ “ Братство“
  5. Пешиќ Марина – ПОУ “ Др. Златан Сремец“
  6. Колевска Драгана – ФФК
  7. Поповска Катерина – ФФК
  8. Петковски Никола – ФФК
  9. Атанасова Христина – ФФК
  10. Дрндар Имран – ФФК
  11. Спасовска Викторија – ФФК
  12. Арсовски Марко – ФФК

Во вториот дел од Проектот, Бадминтон Федерација-та на Македонија, комплетно ќе ги опреми со бадминтон опрема ( мрежи, сталки, рекети, пера ) спортските сали во основните ушилишта  чии што претставници успешно го завршиа семинарот.

Реализацијата на вториот дел од проектот, ќе биде во текот на месец Август, пред почетокот на новата училишна година.

Сите учесници на Семинарот  беа поканети од страна на Б Ф М да бидат нивни гости, во период од 30 Август до 02 Септември во Охрид, каде ќе се одржи Балкански Бадминтон Шампионат.

Б Ф М

 

Posted in Вести.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *