Што е бадминтон?!

Бадминтон – најбрзиот рекетен спорт во светот. Ракетката може да го напушти рекетот со брзина поголема од 421 километар на час.

Бадминтон е спорт кој се игра помеѓу двајца играчи (парови). Играчите завземаат позиции на различни страни од теренот, кој е оделен со мрежа. За разлика од останатите рекетни спортови, во бадминтонот не се користи топче, туку пердувесто проектилче познато како перо.

Еден поглед на вистински бадминтон натпревар ќе покаже дека бадминтонот е вистински спорт. Најдобрите денешните играчи во бадминтон мора да бидат експлозивни, да имаат одлични рефлекси и одлична координација. Во еден типичен бадминтон натпревар, најдобрите играчи ќе го поминат речиси секој дел од теренот и ке претрчаат повеќе од 6 километри.

Инаку, кога е во прашање овој спорт, мора да се споменат и неколку куриозитети како:

Најголемата брзина на перцето при смеч досега е измерена во 2009 година и инесува 421 км/час (од страна на машки играч) што го прави бадминтонот најбрз рекетен спорт во светот.

– Помеѓу една промена на сервис, играчот понекогаш смечира и повеќе од 10 пати во серија – се работи за навистина силни и експлозивни смеч удари кои, и покрај нивната силина и брзина, се пресретливи за противничкиот играч што е дополнителен куриозитет.

– За време на еден меч кој се состои од три добиени сета до 21 поен, играчот поминува/претрчува повеќе од 6 километри што е најмалку двојно повеќе од тенисот.

– Со оглед на фактот што опремата за бадминтон, односно рекетот кој тежи од 80 до 100 грама и перцето кое тежи 5 грама, е исклучително лесна, бадминтон играчите изведуваат од најексплозивни до најфини движења со рекетот и сопственото тело што го чини овој спорт привлечен за гледање.