Турција – Анкара 2019

Турција - Анкара 2019

Во периодот од 02.07-05.07.2019 година нашите македонски натпреварувачи земаа учество и покажаа многу големи успеси на шампионатот во Турција-Анкара, на кој го освоија 4тото место екипно, а играчите Елена Ристеска и Иван Пејоски во индивидуалниот дел во 8мина финале ја победија двојката на Џорџија.

Национално Бадминтон Првенство

Национално Бадминтон Првенство- Последно Коло

Во текот на вчерашниот ден, 02.06.2019 година, беше одржано последното 6то коло од Националното Бадминтон Првенство со почеток од 10 часот во спортската сала на О.У. Круме Кепески.

Учествуваа повеќе од 150 натпреварувачи во 8 категории , почнувајќи од најмладите спортски надежи па се до сениори и ветерани кои се бореа за медали.

Леон Тасевски е најмладиот државен првак во категорија У9 а Сашко Ристевски во највозрасната категорија Ветерани.

Во рубриката Резултати можете да ги видите табелите и победниците во сите категории.

Правила за играње бадминтон

Правила за играње бадминтон

На следниов линк можете да погледнете неколку правила за играње бадминтон во сингл ( single ) категорија.

На следниов линк можете да погледнете неколку правила за играње бадминтон во дабл ( double ) категорија.

Градска средношколска лига

Градска средношколска лига

   Градска средношколска лига

Уцесници :
Ј Б Т
Ѓорги Димитров
Владо Тасевски ПТТ
Лазар Танев
НОВА
Браќа Миладиновци Ветерина
Никола Карев

-Екипно во 3 кола
Секое училиште има екипа од по 2 до 4 машки и 2 до 4 женски натпреварувачи.

-Првото коло беше одиграно на 09.04.2019 година

За прв пат во Македонскиот бадминтон, се воспостави Средносколска лига.
Пријавените уцесници-средни сколи, во месец Декември 2018, присуствуваа на семинар за обука на тренери, организиран од страна на БФМ, во рамките на семинарот им бесе доделена опрема, и како резултат на тоа, во своите средини отпочнаа со практикување на бадминтонот. 
Крајната цел е реализирана, со тоа што оваа нова лига инволвира уценици од сите споменати училишта, а во иднина интенцијата е зголемуванје на учесниците и омасовување на бадминтонот како спорт.

Cyprus junior tournaments 2018

Кипар 2018

Јуниорско првенство - 15.11.2018

И оваа година на меѓународното бадминтон јуниорското првенство во Никозија пет наши учесници од категоријата U17 зедоа учество на истото и тоа во состав: Елена Ристовска, Ивана Ристовска, Иван Пејовски, Огнен Трајковски и Леонид Стојанов. На истото освоија трето место во екипно натпреварување.

Балканијада – Перушица, U13

Балканско првенство - Перушница (Пловдив), Р.Бугарија

Настап на балканското бадминтон првенство во Перушница, Р.Бугарија во периодот од 18.10 – 21.10.2018, под водство на тренерот Горан Тасевски.  На истото свое учество зедоа наши играчи од катероријата У-13 и тоа: Неда Илиева, Јана Белева и Лука Стефановски. 

На истиот нашата натпреварувачка Неда Илиева во поединечен настап го освои петтото место, додека во двојки заедно со Јана Белева го освоија шестотот.

Balkan Senior Championship – Ohrid 2018