МЕДАЛИ ЗА НАЈМЛАДИТЕ – “Bulgaria Ruse International” 2018

Медали за најмладите

I am text block. Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.

Најпријатно изненадување ни приредиа нашите најмлади бадминтонисти. Имено, од 28.06 до 01.07.2018 година во Русе (Р Бугарија) се одржа 21-от по ред, традиционален меѓународен турнир “Bulgaria Ruse International” 2018, во категории У 11, У 13 и У 17. Македонскиот национален тим настапи со вкупно 8 натпреварувачи во сите дисциплини. највредни резултати постигнаа:
Лука Стефановски , кој во својата категорија У 11, како најмлад натпреварувач, успеа да го освои 3-то место и Бронзен медал во дисциплина Машки единечно.
Ивана Ристеска настапи во категорија У 13, и успае да освои исто така Бронзен медал во дисциплина Женски двојки.
Леонид Стојанов и Иван Пејоски се пласираа во полу финалето во категорија У 17 во дисциплина машки двојки, но загубија од реално посилната бугарска двојка, но и 4 место во оваа силна конкуренција е голем успех.
Со истата судбина се соочи и Елена Ристеска, која во категорија У 15 не успеа да победи во полу финалето во дисциплина Женски единечно и се пласира на 4 место.
Бадминтон федерација-та на Македонија им го честита успехот постигнат на нашите млади натпреварувачи на овој престижен турнир и им посакува и натаму да бележат вакви резултати.

Бадминтон федерација-та на Македонија и понатаму ќе го поддржува и помага развојот на овие млади спортисти.

Успешно завршен “Семинар за Бадминтон тренери“ во општина Карпош

Сите љубители на бадминтонот со задоволство ги известуваме дека првиот дел од Проектот – ИГРАМЕ БАДМИНТОН – предуслов за психо-физичко здравје низ популаризација и омасовување во основните училишта од општина  „Карпош“, кој во соработка помеѓу Одделението за спорт на Општина карпош и  Бадминтон Федерација-та на Македонија се спроведува на територија на Општина Карпош е успешно завршен.

Имено, во период од 18 до 22 Јуни во просториите на ООУ “ Војдан Чернодримски“ , Б Ф М организираше и одржа пет дневен Семинар за Бадминтон тренери – Основно ниво на пријавените посетители – наставници од неколку основни училишта од Општина Карпош и студенти од Факултетот за Физичка Кулрура.

Во рамки на семинарот опфатени беа 10 часа теоретска и 10 часа практична презентација, под водство на Мр. Тасевски Горан ( прв Селектор на националната екипа на Македонија ) кој успешно ги воведе посетителите во основите на овој се попопуларен спорт кај нас.

По завршување на Семинарот, сите учесници кои успешно го завршиа истиот, се стекнаа со Сертификат и квалификација  БАДМИНТОН ТРЕНЕР – НИВО 1, што ќе им овозможи почеток на ангажман во своите средини ( училишни клубови, секции, наставни програми и сл) а се со цел поголем опфат на ученици од основните училишта и нивно инволвирање во спортот генерално, а дополнително и претставување на бадминтонот како спорт и негово омасовување.

Со Сертификат и квалификација БАДМИНТОН ТРЕНЕР – НИВО  I  (BASIC LEVEL) се стекнаа : 

  1. Петровски Зоран – ООУ “ Војдан Чернодримски“
  2. Илиоска Светлана – ООУ “ Владо Тасевски“
  3. Бочваровски Зоран – ООУ “ Аврам Писевски“
  4. Топезановска татјана – ООУ “ Братство“
  5. Пешиќ Марина – ПОУ “ Др. Златан Сремец“
  6. Колевска Драгана – ФФК
  7. Поповска Катерина – ФФК
  8. Петковски Никола – ФФК
  9. Атанасова Христина – ФФК
  10. Дрндар Имран – ФФК
  11. Спасовска Викторија – ФФК
  12. Арсовски Марко – ФФК

Во вториот дел од Проектот, Бадминтон Федерација-та на Македонија, комплетно ќе ги опреми со бадминтон опрема ( мрежи, сталки, рекети, пера ) спортските сали во основните ушилишта  чии што претставници успешно го завршиа семинарот.

Реализацијата на вториот дел од проектот, ќе биде во текот на месец Август, пред почетокот на новата училишна година.

Сите учесници на Семинарот  беа поканети од страна на Б Ф М да бидат нивни гости, во период од 30 Август до 02 Септември во Охрид, каде ќе се одржи Балкански Бадминтон Шампионат.

Б Ф М

 

ИГРАМЕ БАДМИНТОН

Нов проект на ОПШТИНА КАРПОШ и БАДМИНТОН ФЕДЕРАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА

Ги известуваме сите жители на Општина Карпош кои се студенти на ФФК или имаат завршено факултет за спорт или физичка култура, кои имаат желба да работат во спортот дека ОПШТИНА КАРПОШ и БАДМИНТОН ФЕДЕРАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА во првата фаза од проектот организира бесплатен семинар за тренери кои после успешно завршената обука ќе се стекнат со СЕРТИФИКАТ од БФМ BASIC LEVEL и воедно ќе имаат можност веднаш да бидат инволвирани како тренери во бадминтонот. Важно да напоменеме е тоа дека активно учество во овој проект ќе земат и наставниците од основните училишта во Општина Карпош.

Обуката на тренери е предвидена да биде во период од 18 – 22 јуни 2018 год.од 9 до 12 ч.
во една од училишните спортски сали во Општина Карпош.

Сите заинтересирани жители на Општина карпош кои ги исполнуваат предусловите за посета на семинарот за тренери пожелно е да се пријават т.е. да ги исконтактираат организаторите на семинарот. За подетални информации покрај лицата за контакт може да ја посетите и веб страната на БФМ на БАДМИНТОН ФЕДЕРАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА.

Раководител за спорт на О.К. Патрик Поповски 071/ 346 023
e-mail:bfmacedonia@yahoo.co.uk
Предавач на проектот од БФМ: м-р Горан Тасевски 078/ 336 017
е-маил: bk_oniks@yahoo.com
Претседател на БФМ: Диме Стефановски 070 243 625

Турнир Кисела Вода 2017

Во рамките на редовните активности на Бадминтон федерацијата на Македонија, на ден 11.03.2017 година во салата при ООУ „Партение Зоографски“ се одржа турнир во бадминтон на ниво на град Скопје. На истиот свое учество зедоа играчи во јуниорска категорија, како и ветерани од клубовите БК „Победа“, БК „Вип“, БК „Марива“, БК „Инекс“. На истиот свое учество зедоа и ученици од ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, ООУ „Партение Зоографски“ како и други активисти и љубители на овој спорт.

Сребро за Македонија од меѓународниот турнир „Bulgaria International Prvomay 2016“

PrvomajГолем успех за нашиот натпреварувач Петар Живковски кој во категорија У17 во машки сингл освои сребен медал и со ова ја исполни квотата да учествува на „Babolat International“ во организација на Светската бадминтон федерација BWF кој ќе се одржи од 06.10 – 10.10.2016 година во Софија.Continue reading

Македонија дел од европската недела на спортот

Во 2015 година по прв пат во Република Македонија се одржа Европска недела на спортот во периодот од 5-12 септември, со цел промоција на спортот и телесните активности.

evropska_nedela_na_sportot

Проектот се реализира преку Министерството за образование и наука на Република Македонија и Еразмус + програма, која вклучува организација на Европска недела на спортот. Тоа е иницијатива на Европската комисија за промовирање на спортот и физичката култура низ Европа.

Еразмус + е нова програма на ЕУ која има за цел да ги подобри вештините и можностите за вработување, преку едукација, обука на младите, а воедно и спортување.

Во периодот од 2014-2020 преку програмата ќе се обезбедат можности за повеќе од 4 милиони Европејци да учат, да се здобијат со работно искуство, да волонтираат во странство, но секако и во делот на развојот на европската димензија на спортот.

Отварањето на овогодишното издание на Европската недела на спортот кое ќе се одржи од 10 до 17 септември 2016 година се одвива во Кошице, Словачка, а во исто време низ цела Европа ќе се одржува ист овој настан, во кој ќе биде вклучена и нашата држава.

Европската недела за спорт вклучува настани и активности во 28 земји-членки на ЕУ, но и активности во Република Македонија, Исланд, Норвешка, Лихтенштајн и Турција.

Мотото на овој настан е #BeActive#, повик за акција за движење на Европејците.

Имплементација на Европската недела на спортот ќе се одржи од 10-17 септември 2016. Агенцијата за млади и спорт како партнер со Министерството за образование и наука на Република Македонија, во соработка со националните спортски федерации ќе одржи координативна средба, со цел усогласување на достапноста на сите човечки ресурси (спортски персонал, медицински персонал, безбедност) и материјални ресурси, а кои ќе придонесат за успешно одвивање на целата манифестација.

Во продолжение можете да го погледнете линкот за комплетната програма:

http://ec.europa.eu/sport/week/