вести
Извештај за реализација и искористеност на средства од даночно ослободување добиени преку ваучери а согласно Закон-от за данок на добивка за 2022ра година
10/03/2023
Врз основа на Член 14е, став 1 од Закон-от за спорт на РС Македонија, Македонската Бадминтон Федерација, го доставува следниот
И З В Е Ш Т А Ј
за реализација и искористеност на средства од даночно ослободување добиени преку ваучери а согласно Закон-от за данок на добивка зa 2022 година
Бадминтон федерација-та на Македонија во 2022 година, доби ваучери за даночно ослободување во вкупна вредност од 870.000,оо денари, и по три основи :
1. Ваучер за Бадминтон Федерација на Македонија = ______________________________ 400.000,оо
2. Ваучер за клуб – БК Инекс, БК ВИП, БК Победа, БК Алфа СЦБТ, БК Оникс и Скопје =___ 250.000,оо
3. Ваучер за спортист –Ина стефановска, Иван Пејоски,Марио Џон и Никола Шашков =__ 220.000,оо
ВКУПНО : __________ 870.000,оо денари
1.1 Бадминтон федерацијата на Македонија доби ваучер во вредност од 400.000,оо ден .
Ваучерот беше реализиран преку соработка со ДТУП“КМ Марјан“дооел Експорт Импорт во износ од 175.000,оо денари и ЕВРО КОМЕРРЦ – 5 во износ од 220.000,оо денари,или вкупно =395.000,оо денари.
Погоре наведените средства остварени преку Ваучерот за даночно ослободување, МБФ од причина што финансиски беше скромно потпомогната со средства наменети за реализација на програмата а определени со буџетот на РС Македонија, ги насочи во дополнување на потребите за реализација на активностите потребни за функционирање на федерацијата, за доигрување на Националниот систем и за дел од меѓународната програма.
Поточно, во делот на функционирањето 8.600,оо денари вложивме во сервисирање на компјутерската конфигурација и принтер 4.200,оо денари за набавка на кетриџи и хартија. За доигрување на Националниот систем 17.110 денари за медали, 10.991 денар за судиски надоместоци, 4.738 за работа на комисијата, 32.792,оо денари за трнспорт на опрема за одигрување на колата од НС, кортови,траки и сл. и 11.243,оо денари за потреби на натпреварувачи, тренери и судии за време на натпреварите. Во делот на меѓународната програма 294.391,оо денари за учество на два натпревари рангирани на Светска и Европска ранг листа, еден регионалене за јуниори, еден европски тренинг камп за У 17/19 категорија и за набавка на неопходна опрема за натпреварувачите(мрежи, рекети и пера). За 2022 година наполатена е банкарска провизија од 3.018 денари, 7.980,оо денари се останати на сметка за користење во 2023 година.
2.1 БК Оникс доби ваучер во вредност од 50.000,оо ден .
Ваучерот беше реализиран во соработка со Викторија Вајт доо Скопје, во износ од 50.000,оо денари .
Дел од погоре назначените средства, клубот ги насочи во правец на надомест за наем на спортска сала, во висина од 18.480,оо ден, банкарска провизија од 540,оо ден, а остатокот во висина од 30.980, ден ке ги реализира во текот на 2023 година.
2.2 БК ВИП доби ваучер во вредност од 50.000,оо ден .
Ваучерот беше реализиран во соработка со “Промакон“ доо Скопје. Погоре наведените средства, клубот ги насочи во правец на набавка на потребна опрема за функционирање на клубот во висина од 22.679,оо денари, и за наем на спортска сала за тренинзи во висина од 5.200,оо денари. Oстатокот во висина од 22.121,оо денари ке ги реализира во текот на 2023 година.
2.3 БК Скопје 2003 доби ваучер во вредност од 20.000,оо ден .
Ваучерот беше реализиран во соработка со “ТОМ-ФИЛ Компани“ доо СКОПЈЕ. Погоре наведените средства, клубот ги насочи за настапи во Националниот систем во висина од 20.000,оо,оо денари .
2.4 БК Алфа СЦБТ доби ваучер во вредност од 40.000,оо ден .
Ваучерот беше реализиран во соработка ДПТУ “Аикон Медикал“ дооел Скопје. Погоре наведените средства, клубот ги искористи за учество на свои натпреварувачи на меѓународен турнир “Kassabian Brothers Junior“ и за учество во Националниот систем.
2.5 БК Инекс доби ваучер во вредност од 60.000,оо ден .
Ваучерот беше реализиран во соработка со ДТУП“КМ Марјан“дооел Експорт Импорт Скопје.
Погоре наведените средства, клубот делумно ги искористи потпомагајќи ги своите натпреварувачи (Ина Стефановска и Иван Пејоски) кои настапуваат и се котираат на Светската и Европската ранг листа, покривајќи ги нивните трошоците за котизација(Croatia Open,Bulgaria international,Yonex Slovenia) во висина од 40.300,оо денари, а останатиот дел го искористи за учество во НС, транспорт и дополнително портебна опрема(траки и сл) за салата во која се одвиваат тренинзите.
2.6 БК Победа доби ваучер во вредност од 30.000,оо ден .
Ваучерот беше реализиран преку Владата на РС Македонија во висина од 23.100,оо денари и во соработка со “Фуриос Авокадо“ доо, во износ од 46.900,оо денари . Погоре наведените средства, клубот ги насочи во правец на набавка на потребна опрема и провизија во висина од 11.883,оо денари. Поради доцно реализирање на средствата од ваучерот, останатите средства се предвидени за реализација во текот на 2022 година.
3.1 Спортистот Иван Пејоски доби ваучер во вредност од 50.000,оо ден.
Ваучерот беше реализиран преку Сава осигурување Скопје. Погоре назначените средства, спортистот ги насочи во правец на набавка на потребна опрема во висина од 14.759,оо денари и за дел од трошоци(патни) за учество на меѓународен натпревар“Croatia Open” 29.406,оо денари. Остатокот во висина од 5.835,оо денари ке ги искористи во текот на 2023 година.
3.2 Спортистот Ина Стефановска доби ваучер во вредност од 70 000,oo ден.
Ваучерот беше реализиран преку ДГТУ “Бауком МК“ доо Скопје. Средствата ги искористи за набавка на опрема 30.000,оо денари, дел од трошоци(патни) за учество на меѓународен натпревар“Croatia Open” и“Bulgaria International” 30.000,оо денари, 3.000,оо денари за спорски прегледи и 7.000,оо за спортски терапии и масажи.
3.3 Спортистот Марио Џон доби ваучер во вредност од 50.000,oo ден.
Ваучерот беше реализиран преку “ Велмар“ дооел Скопје.
Средствата ги насочи за набавка на спортска опрема во висина од 41.527,оо денари, за наем на спортска сала за дополнителен тренинг 7.436,оо денари, а банкарска провизија изнесуваче 1.307,оо денари.
3.4 Спортистот Никола Шашков доби ваучер во вредност од 50.000,oo ден.
Ваучерот беше реализиран преку “ Медикус Хелп“ дооел Скопје.
Средствата ги насочи за набавка на спортска опрема во висина од 41.016,оо денари, за наем на спортска сала за дополнителен тренинг 7.436,оо денари, а банкарска провизија изнесуваче 1.548,оо денари.
Скопје Македонска Бадминтон Федерација
10.03.2023 Претседател
Стефановски Диме
Поднесени извештаи од спортски клубови и активни спортисти
Ранг - листи на Спортски клубови и активни спортисти кои ги исполнуваат критериумите за користење на средства од даночно ослободување
20/01/2023
Трочлената комисија формирана од страна на БФМ изврши целосен увид и проверка на поднесените обрасци од страна на клубовите и активните спортисти, и согласно правилникот за поблиски квантитативни и квакитативни критериуми, донесен од страна на АМС на РСМакедонија (20.01.2023 година), ги утврди конечните Ранг-листи за клубови и активни спортисти кои се предложени за добивање на Ваучер за користење на средства добиени од даночно ослободување.


Извештај за реализација и искористеност на средства од даночно ослободување добиени преку ваучери а согласно Закон-от за данок на добивка за 2021ва година
14/03/2022
Врз основа на Член 14е, став 1 од Закон-от за спорт на РС Македонија, Бадминтон Федерација-та на Македонија, го доставува следниот
И З В Е Ш Т А Ј
за реализација и искористеност на средства од даночно ослободување добиени преку ваучери а согласно Закон-от за данок на добивка za 2021 година
Бадминтон федерација-та на Македонија во 2021 година, доби ваучери за даночно ослободување во вкупна вредност од 990.000,оо денари, и по три основи :
1. Ваучер за Бадминтон Федерација на Македонија = 400.000,оо
2. Ваучер за клуб – БК Инекс, БК ВИП, БК Победа, БК Алфа СЦБТ и БК Оникс = 360.000,оо
3. Ваучер за спортист –Ина стефановска и Иван Пејоски = 230.000,оо
ВКУПНО : 990.000,оо денари
1.1 Бадминтон федерацијата на Македонија доби ваучер во вредност од 400.000,оо ден .
Ваучерот беше реализиран преку Владата на РС Македонија во висина од132.000,оо денари и во соработка со ДТУП“КМ Марјан“дооел Експорт Импорт во износ од 268.000,оо денари .
Погоре наведените средства, БФМ ги насочи во правец на дополнување на потребна опрема за реализација на активностите предвидени со програмата и за учество на два меѓународни настани.
Поточно, за сума од 124.310,оо од фирмите Јонекс и Кавасаки ,набавени се 120 кутии пластични пера за редовен тренинг, а одделно и 35 кутии перца од пачји пера со кои се работеше за врема на подготовки за меѓународни настапи, каде исклучиво се игра со пачји пера. За учество на меѓународните турнири од календарот на БЕ и СБФ “Bulgarian U 17 International Championship” потрошени се 125.190,оо денари за 4 натпреварувачи и тренер и уште 136.777,оо денари за учество на 6 натпреварувачи, 2 тренера и судија на “Serbia U 17&Youth International” .
2.1 БК Оникс доби ваучер во вредност од 80.000,оо ден .
Ваучерот беше реализиран преку Владата на РС Македонија во висина од 26.400,оо денари и во соработка со ГАМА ЕКСКЛУЗИВ дооел, во износ од 53.600,оо денари .
Погоре назначените средства, клубот ги насочи во правец на надомест за ангажирање на стручно лице – тренер, во висина од 70.642,оо ден и персонален данок од 9.358,оо ден.
2.2 БК ВИП доби ваучер во вредност од 60.000,оо ден .
Ваучерот беше реализиран преку Владата на РС Македонија во висина од 19.800,оо денари и во соработка со ДПТУ“ГИС“ Скопје, во износ од 40.000,оо денари . Погоре наведените средства, клубот ги насочи во правец на набавка на потребна опрема за функционирање на клубот во висина од 52.337,оо денари, и за набавка и печатење на дресови и провизија во висина од 7.463,оо денари за настапи во Националниот систем.
2.3 БК Алфа СЦБТ доби ваучер во вредност од 60.000,оо ден .
Ваучерот беше реализиран преку Владата на РС Македонија во висина од 19.800,оо денари и во соработка со ДТУ“Соникс“ Скопје, во износ од 40.200,оо денари . Погоре наведените средства, клубот ги насочи во правец на набавка на потребна опрема за функционирање на клубот и за настапи во Националниот систем во висина од 13.894,оо денари . Поради доцно реализирање на средствата од ваучерот, останатите средства се предвидени за реализација во текот на 2022 година.
2.4 БК Инекс доби ваучер во вредност од 90.000,оо ден .
Ваучерот беше реализиран преку Владата на РС Македонија во висина од 29.700,оо денари и во
соработка со ДТУП“КМ Марјан“дооел Експорт Импорт во износ од 60.300,оо денари .
Погоре наведените средства, клубот ги насочи во правец на набавка на потребна опрема, користење на фитнес сала во висина од 12.500,оо денари, а со остатокот во висина од 47.030,оо денари, беше потпомагнато учеството на натпреварувачи од клубот на меѓународниот турнир “Hellas International”
2.5 БК Победа доби ваучер во вредност од 70.000,оо ден .
Ваучерот беше реализиран преку Владата на РС Македонија во висина од 23.100,оо денари и во соработка со “Фуриос Авокадо“ доо, во износ од 46.900,оо денари . Погоре наведените средства, клубот ги насочи во правец на набавка на потребна опрема и провизија во висина од 11.883,оо денари. Поради доцно реализирање на средствата од ваучерот, останатите средства се предвидени за реализација во текот на 2022 година.
3.1 Спортистот Иван Пејоски доби ваучер во вредност од 115.000,оо ден.
Ваучерот беше реализиран преку Владата на РС Македонија во висина од 37.950,оо денари, а остатокот во висина од 76.000,оо денари во соработка со ПЗУ Аптека Карамановски Струга, ПЗУ Аптека Св. Петка Струга и Гранитерм Инженеринг. Погоре назначените средства, спортистот ги насочи во правец на набавка на потребна опрема во висина од 38.440,оо денари во Спорт Визион, Декатлон и Датцх, 12.400,оо ден. трошоци за котизација за учество на меѓународен натпревар, 18.600,оо денари за тренинг камп во Караташ, 15.500,оо денари како дополнение за учество на меѓународни натпревари во Брежице и Белград, а остатокот во висина од 24.800,оо денари во форма на надомест за користење медицински услуги, протеини и реквизити за истегнување.
3.2 Спортистот Ина Стефановска доби ваучер во вредност од 115 000,oo ден.
Ваучерот беше реализиран преку Владата на РС Македонија во висина од 37.950,оо денари, а остатокот во висина од 77.000,оо денари во соработка со “Бауком“ Скопје.
Во текот на тековната година само дел од средствата беа потрошени, поради повеќе од јасни причини, одложување на скоро сите интернационални турнири. Поголемиот дел од средствата, спортистот ги намени за подготовки за идните турнири, односно 31.500,оо денари потроши за опрема и патувања,2.400,оо за медицински услуги а остатокот, поради доцно реализирање на средствата од ваучерот, останатите средства се предвидени за реализација во текот на 2022 година за подготовки, патувања, котизација и други трошоци поврзани со натпреварувањата надвор од нашите граници.
Скопје Б Ф М
11.03.2022 Претседател
Стефановски Диме
Поднесени извештаи од спортски клубови и активни спортисти
БФМ изврши промена на името
20/02/2022
На одржаното редовно годишно Собрание на БФМ (20.02.2022) а врз основа на дописот на АМС на РС Македонија (бр.08-1503/1 од 07.07.2021) и од МНР на РС Македонија (бр.40-9133/1 од 21.09.2021) со кои се препорачува усогласување на името на федерацијата кое ке биде во духот на Преспанскиот договор и Уставниот закон, делегатите едногласно донесоа Одлука за почитување на препораките и промена на името на федерацијата од Бадминтон Федерација на Македонија во Македонска Бадминтон Федерација со скратен назив МБФ.
Воедно, донесоа Одлука за усогласување и донесување на пречистен текст на Статут на Македонска Бадминтон Федерација во кој ке се сорджи промената на името на федерацијата, како и менување на името на Република Македонија во Република Северна Македонија во сите одредби.
АМС на РСМ ги објави ваучерите за 2022ра година
15/02/2022
Како резултат на Предлог ранг листата која Националната Комисија за ваучерски систем при Бадминтон федерацијата на Македонија, врз основа на Законот за спорт и Законот за ослободување на данок од добивка, а согласно ПРАВИЛНИК-от ЗА ПОБЛИСКИТЕ КВАНТИТАТИВНИ И КВАЛИТАТИВНИ КРИТЕРИУМИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА ОД ДАНОЧНО ОСЛОБОДУВАЊЕ, НАЧИНОТ НА БОДУВАЊЕ И РАНГИРАЊЕ, КАКО И ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВАТА ОД ДАНОЧНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ И НА ЛИСТИТЕ НА НАЦИОНАЛНИ СПОРТСКИ ФЕДЕРАЦИИ, НА СПОРТСКИ КЛУБОВИ И НА АКТИВНИ СПОРТИСТИ КОИ СЕ НАТПРЕВАРУВААТ ВО ИНДИВИДУАЛНИ СПОРТОВИ И НА ДРУГИ ПРАВНИ ЛИЦА КОИ ИМААТ РЕШЕНИЕ ЗА ВРШЕЊЕ НА ДЕЈНОСТ СПОРТ, ја поднесе, со ваучери за 2022ра година се стекнаа следните субјекти и спортисти :
Бадминтон федерација на Македонија = 400.000,оо
Листа на клубови
1. БК Инекс = 60.000,оо
2. БК Оникс = 50.000,оо
3. БК Победа = 30.000,оо
4. БК Алфа СЦБТ = 40.000,оо
5. БК ВИП = 50.000,оо
6. БК Скопје 2003 = 20.000,оо
Листа на спортисти
1. Ина Стефановска = 70.000,оо
2. Иван Пејоски = 50.000,оо
3. Марио Џон = 50.000,оо
4. Никола Шашков = 50.000,оо
Вкупно доделени средства за користење по погоре наведените основи = 870.000,оо денари.
Бадминтон Федерација и Специјална Олимпијада потпишаа меморандум за соработка и партнерство
05/02/2022
По повеќегодишна заедничка работа, БФМ и Специјална Олимпијада на СМ на 04.02.2022ра година потпишаа Меморандум за соработка и партнерство.
Со потпишување на истиот, се отвара простор за заедничко делување во повеќе насоки и поголеми размери, а со цел претставување на бадминтонот како спорт во што поголем обем во категоријата на лицата со попреченост.
Како прв чекор, двете страна се договорија тренерот од БФМ / г-дин Маријан Стојановски да продолжи да работи со натпреварувачи од Специјална Олимпијада а во правец на нивно поуспешно натпреварување на светското првенство кое ке се одржи во 2023та година. Исто така БФМ се обврза да обезбеди комплетна опрема за бадминтон за потребите на Специјална олимпијада според нивната програма.






Ранг - листи на Спортски клубови и активни спортисти кои ги исполнуваат критериумите за користење на средства од даночно ослободување
17/01/2022
Трочлената комисија формирана од страна на БФМ изврши целосен увид и проверка на поднесените обрасци од страна на клубовите и активните спортисти, и согласно правилникот за поблиски квантитативни и квакитативни критериуми, донесен од страна на АМС на РСМакедонија ( Сл.Весник на РСМ Бр.5 од 10.01.2022 година), ги утврди конечните Ранг-листи за клубови и активни спортисти кои се предложени за добивање на Ваучер за користење на средства добиени од даночно ослободување.


Заврши меѓународната програма на БФМ за 2021 година
27/11/2021
Досега најуспешната меѓународна презентација на Македонскиот бадминтон, за жал заврши на 27/11/2021.
По враќањето од интернационалниот светски турнир Yonex Slovenia кој се одржа во Брежица, нашата најдобра натпреварувачка Ина Стефановска се здоби со повреда што допринесе за откжување на нејзиното учество на последниот за оваа година светски турнир DECHATLON PERFLY ITALIAN – Milan. Но, сепак и со досегашните нејзини настапи Ина успеа да го обезбеди досега највисокиот пласман на наш натпреварувач на Европската и Светската ранг листа.
На Европската ранг листа е пласирана на 110то место, а на Светската на 376тото место.
Со овој пласман има реални шанси да се пласира за прв пат во истријата на Македонскиот бадминтон на Европското првенство кое ке се одржи во 2022ра година.
Исто така Иван Пејоски кој оваа година за прв пат настапува на турнири во сениорска категорија, забележа значајни успеси со својата игра и пласман на Европската ранг листа за сениори на 223тото место, но времето работи за него и се надеваме дека во идната натпреварувачка сезона ке го подобри овој пласман.


Во 2021ва година нашите натпреварувачи учествуваа на неколку меѓународни турнири во различни категории:
Во сениорска категорија на YONEX Slovenia International во Марибор, Austrian Open во Грац, Hellas International во Атина, Babolat Bulgarian International Championship во Софија и Yonex Slovenia Future Series во Брежица.
Во категорија У-17 на Serbian U17 International во Нови Сад, Hebar U17 Bulgarian Open во Пазарџик и на Bulgarian U17 International.
Во Youth – У9, У11, У13, У15 категорија учествуваа на Serbian Youth International во Нови Сад и Ida Pilli International Tournament во Корча ( У13 / У 15).
Исто така нашите најмлади натпреварувачи до 15 години во период од 21-26.06.2021 земаа учество на Европскиот тренинг камп кој се одржа во Албанија.


Утврден распоредот за националното првенство 2021/2022
21/09/2021
Управниот одбор на БФМ на 20.09.2021 одржа седница на која меѓудругото го утврди распоредот за Националното првенство за 2021/2022 година.
Првенството ке се одигра во 6 кола во дисциплини МС ЖС МД ЖД и МХ и тоа на:
- Прво коло – 14.11.2021
- Второ коло – 26.12.2021
- Трето коло – 27.02.2022
- Четврто коло – 27.03.2022
- Петто коло – 17.04.2022
- Шесто коло – 22.05.2022
На истата седница Управниот Одбор донесе Одлука од оваа натпреварувачка сезона категориите во кои ке се игра првенството да се прилагодат на одредбите од Европската бадминтон федерација и тоа во категорија:
- У 9 – родени 2014 и порано
- У 11 – 2012 и 2013
- У 13 – 2010 и 2011
- У 15 – 2008 и 2009
- У 17 – 2006 и 2007
- У 19 – 2004 и 2005
- Сениори – 2003 и постари
- Ветерани – 1990 и постари
Во зависност од состаојбата со пандемијата – КОВИД19 Управниот Одбор доколку треба ке избрши одредени измени на календарот.
Начин на рангирање и бодирање во национален систем 2021/22
Во сите категории и дисциплини се игра по шема – 16
Се доигрува меч за 3 и 4 место, победникот добива +2 бода а поразениот + 1 бод
Во секое коло се додава дополнителен бонус од 4, 2 или 1 бод за освоено 1, 2 или 3 место
Вкупно бодирање по коло :
За освоено 1 место се добива 12+4 = 16 бода
За освоено 2 место се добива 9+3 = 12 бода
За освоено 3 место се добива 7+2+1 = 10 бода
За освоено 4 место се добива 7+0+1 = 8 бода
Од освоено 5 – 8 место се добива = 4 бода
Од освоено 9 – 16 место се добива = 1 бод
За непојавување се добива = 0 бода
Натпреварувач кој за време на одигрување на коло од Национален систем е отсатен поради учество на квалификационен турнир од Светски или Европски ранг добива = 16 бода.
Резултати за завршното државно првенство во Бадминтон - Сезона 2020/2021
21/06/2021
На 20.06.2021 се одигра завршниот турнир и финалето на државното првенство во спортската сала Македонија. Финалето на првенството се одигра на 5 корта со организиран судиски систем. На крајот од натпреварите Бадминтон Федерацијата на Македонија додели медали за победниците (државните шампиони) во своите категории.
Во прилог се победниците по категории и дисциплини:
У9 МС прво место за Леон Тасевски;
У11 МС прво место за Леон Тасевски;
У11 ЖС прво место за Ива Живковска;
У11 МД првото место го освоија Виктор Поленак и Андреј Цубалевски;
У13 ЖС прво место за Ивана Трпеска;
У13 МД првото место го освоија Јован Павловски и Лука Стефановски;
У13 ЖД првото место го освоија Ивана и Ангела Трпеска
У13 Микс првото место го освоија Ива Живковска и Јован Павловски;
У15 МС прво место за Далибор Аврамовски;
У15 ЖС прво место за Ивана Ристевска;
У15 МД првото место го освоија Леонид Попов и Марко Христов;
У15 ЖД првото место го освоија Мила Цоњковска и Сара Костовска;
У15 Микс првото место го освоија Петар и Мила Цоњковски
У17 МС прво место за Никола Шашков;
У17 ЖС прво место за Елена Ристевска;
У17 Микс првото место го освоија Ивана Ристеска и Никола Шашков;
У19 МС прво место за Иван Пејовски;
У19 ЖС првото место го освои Елена Ристеска;
У19 ЖД првото место го освоија Ива Стефановска и Елена Ристеска;
Сениори МС прво место за Иван Пејовски;
Сениори ЖС прво место за Ина Стефановска;
Сениори Микс првото место го освоија Иван Пејовски и Ина Стефановска.
Ветерани МС прво место за Горан Тасевски;
Ветерани ЖС прво место за Лидија Мано Илиев;
Ветерани Микс првото место го освоија Горан Тасевски и Лидија Мано Илиев

БФМ дел од проектот на Erasmus Plus 2021
20/05/2021
Во рамки на проектот на Европската Унија – Erasmus Plus заедно со претставници на Бугарија, Романија, Чешка беше вклучена и Македонија преку Бадминтон Федерацијата.
Проектот се базираше на идејата бадминтонот против дискриминацијата, се состоеше од 4 етапи во рамките на кои се огранизираа средби на сите учесници во Прага, Китен, Охрид и Софија.




Собрание на Европска Бадминтон Федерација - виртуелно
01/05/2021
Физичкиот годишен состанок на делегатите na Бадминтон Европа (2021 година) беше откажан. Како и во 2020та година, ADM се одржа виртуелно. Со оглед на тоа што пандемијата COVID-19 е дел од секојдневниот живот за многумина ширум светот, сите научивме чекор по чекор да се прилагодуваме на ситуацијата и исто така научивме дека работите не одат секогаш според планот.
За повеќе информации, притиснете тука.

Одложено колото од државно првенство (фотографија)
20/04/2021

БФМ домаќин на средба со делегација на Турска Бадминтон Федерација (фотографија)
15/04/2021


Извештај за реализација и искористеност на средства од даночно ослободување добиени преку ваучери а согласно Закон-от за данок на добивка
15/03/2021
Врз основа на Член 14е од Закон-от за спорт на РС Македонија и Член 4 од Закон-от за изменување на Законот за спорт на РС Македонија, Бадминтон Федерација-та на Македонија, го објавува следниот
И З В Е Ш Т А Ј
за реализација и искористеност на средства од даночно ослободување добиени преку ваучери а согласно Закон-от за данок на добивка
Бадминтон федерација-та на Македонија во 2020 година, доби ваучери за даночно ослободување по три основи :
1. Ваучер за Бадминтон федерација на Македонија
2. Ваучер за клуб – БК Инекс и БК Оникс
3. Ваучер за спортист – Иван Пејоски, Ивана Ристеска и Ина стефановска
1.1 Бадминтон федерацијата на Македонија доби ваучер бр. 08-474/11 од 10.02.2020 во вредност од 444.000,оо ден .
Ваучерот беше реализиран во соработка со ДТУП“КМ Марјан“дооел Експорт Импорт во износ од 310.500,оо денари и со ТД Соникс дооел во износ од 133.500,оо денари.
Средствата добиени од погоре назначените даночни обврзнице, БФМ ги насочи во правец на дополнување на потребна опрема за реализација на активностите предвидени со програмата и за учество на два меѓународни настани.
Поточно, во услови на пандемија, дел од тренинзите со натпреварувачи од националните селекции, поради затварање на спортските сали, се одвиваа на отворени терени, а за таа потреба 14.700,оо се искористија за организиран превоз. Од истита причина 47.916,оо денари се искористија за набавка на справи и помагала од Спорт М, кои се користеа за статични тренинзи. За сума од 109.000,оо од фирмата АКВА ,набавени се 50 рекети и пластични перца за редовен тренинг, а одделно и перца од пачји пера со кои се работеше за врема на подготовки за меѓународни настапи, каде исклучиво се игра со пачји пера. За учество на меѓународниот турнир од календарот на СБФ “FZ Forza Bulgarian International Championship” потрошени се 92.500,оо денари за 3 натпреварувачи и тренер и уште 190,000,оо денари за учество на 8 натпреварувачи, 2 тренера и судија на “Kassabian Brothers International” од календарот на БЕ.
2.1 БК Инекс доби ваучер бр. 08-475/261 од 10.02.2020 во вредност од 100.000,оо ден .
Ваучерот беше реализиран во соработка со ТД “Сон“од Скопје. Средствата добиени од погоре назначениот даночен обврзник, клубот ги насочи во правец на набавка на потребна опрема, во висина од 47.350,оо денари, а со остатокот беше потпомагнато учеството на натпреварувачи од клубот на меѓународниот јуниорски турнир “HEBAR Bulgarian Junior Open” .
2.2. БК Оникс доби ваучер бр. 08-475/262 од 10.02.2020 во вредност од 100.000,оо ден .
Ваучерот беше реализиран во соработка со Клуб Спорт 77 доо Битола и Клуб Спорт 77 доо Прилеп. Средствата добиени од погоре назначените даночни обврзници, клубот ги насочи во правец на надомест за ангажирање на стручно лице – тренер, во висина од 35.600,оо ден и персонален данок од 4.272,оо ден. Остатокот од 60.128,оо ден, клубот ќе ги реализира во Јануари, Февруари и Март 2021 година за надомест, и персонален данок за стручно лице ангажирано за реализација на програмските активности и набавка на дополнителна опрема.
3.1. Спортистот Иван Пејоски доби ваучер бр. 08-476/69 од 10.02.2020 во вредност од 112.000,оо ден.
Ваучерот беше реализиран во соработка со ПЗУ Аптека Карамановски Струга, ПЗУ Аптека Св. Петка Струга и Гранитерм Инженеринг. Средствата добиени од погоре назначените даночни обврзници, спортистот ги насочи во правец на набавка на потребна опрема, во висина од 44.664,оо денари, во Спорт Визион, Декатлон и Датцх, 9.300 оо ден. трошоци за сместување за учество на натпревар во Бугарија, а остатокот во форма на надомест за користење фитнес сала и теретана со тренер како дополнение на недостаток на реален тренинг во сала.
3.2. Спортистот Ивана Ристеска доби ваучер бр.08-476/70 од 10.02.2020 во вредност од 112.000,оо ден.
Ваучерот успеа да го реализиран во целост со даночниот обврзник “Стокомак“ доо Скопје.
Средствата добиени од погоре назначениот даночнен обврзник, спортистот ги насочи во правец на набавка на потребна опрема во висина од 91.014,оо, а остатокот во форма на надомест за користење фитнес сала со тренер како дополнение на недостаток на реален тренинг во сала.
3.3. Спортистот Ина Стефановска доби ваучер бр.08-476/71 од 10.02.2020 во вредност од 112 000,oo ден.
Ваучерот успеа да го реализиран во целост со даночниот обврзник “Логистика Баукит“ .
Во текот на тековната година само дел од средствата беа потрошени, поради повеќе од јасни причини, одложување на скоро сите интернационални турнири. Поголемиот дел од средствата, спортистот ги намени за подготовки за идните турнири, односно 30.000,оо денари потроши за опрема. Остатокот е предвиден за реализација во почетокот на 2021 година за подготовки, патувања, котизација и други трошоци поврзани со натпреварувањата надвор од нашите граници, со цел уште поголемо подобрува- ње на мојот светски ранкинг.
Календар за државно првенство 2021 година
07/03/2021
На седницата на Управниот одбор на БФМ, одржана на 07.03.2021 година, се донесе Одлука за утврдување на календарот за одржување на колата од Државното првенство за 2021 година, и тоа :
Прво коло – 28.03.2021
Второ коло – 30.05.2021
Трето коло – 20.06.2021
Државното првенство за 2021 година ќе се одигра во следните категории :
У 9
У 11
У 13
У 15
У 17
У 19
Сениори
Ветерани
Сите категории ќе се натпреваруваат во дисциплините : МЕ, ЖЕ, МД, ЖД и МХ
Доколку дојде до промена во календарот, категориите и дисциплините од причина предизвикана од пандемијата со КОВИД 19, учесниците навремено ќе бидат известени за промените.
Владината комисија ги објави добитниците на ваучери 2021
28/02/2021
Како резултат на Предлог ранг листата која Националната Комисија за ваучерски систем при Бадминтон федерацијата на Македонија, врз основа на Законот за спорт и Законот за ослободување на данок од добивка, а согласно ПРАВИЛНИК-от ЗА ПОБЛИСКИТЕ КВАНТИТАТИВНИ И КВАЛИТАТИВНИ КРИТЕРИУМИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА ОД ДАНОЧНО ОСЛОБОДУВАЊЕ, НАЧИНОТ НА БОДУВАЊЕ И РАНГИРАЊЕ, КАКО И ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВАТА ОД ДАНОЧНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ И НА ЛИСТИТЕ НА НАЦИОНАЛНИ СПОРТСКИ ФЕДЕРАЦИИ, НА СПОРТСКИ КЛУБОВИ И НА АКТИВНИ СПОРТИСТИ КОИ СЕ НАТПРЕВАРУВААТ ВО ИНДИВИДУАЛНИ СПОРТОВИ И НА ДРУГИ ПРАВНИ ЛИЦА КОИ ИМААТ РЕШЕНИЕ ЗА ВРШЕЊЕ НА ДЕЈНОСТ СПОРТ, ја поднесе, со ваучери за 2021 година се стекнаа следните субјекти и спортисти :
Бадминтон федерација на Македонија = 400.000,оо
Листа на клубови
1. БК Инекс = 90.000,оо
2. БК Оникс = 80.000,оо
3. БК Победа = 70.000,оо
4. БК Алфа СЦБТ = 60.000,оо
5. БК ВИП = 60.000,оо
Листа на спортисти
1. Ина Стефановска = 115.000,оо
2. Иван Пејоски = 115.000,оо
Вкупно доделени средства за користење по погоре наведените основи = 990.000,оо денари.
Организиран судиски семинар
25/02/2021
Како една од примарните активности која се утврди преку Програмата 2021 усвоена на Собранието на БФМ , во период од 17 до 23 Февруари 2021 година, Судиската комисија на БФМ, организираше Семинар за судии. Истиот се одржа во Скопје.
Семинарот го водеше Претседателот на комисијата и наш меѓународен судија г-дин Марјан Стојановски. Своето огромно меѓународно и национално искуство г-дин Стојановски во наведениот период успешно го пренесе на пријавените кандидати. Семинарот се состоеше од практичен и теоретски дел, и во него беа имплементирани сите постоечки, но и нови правила во бадминтонот. Со семинарот беа опфатени позициите Главен судија, Сервис судија и Линиски судија. Од пријавените учесници, семинарот успешно го заврчија девет (9) учесници, и тоа :
1. Ина Стефановаска
2. Марија Велковска
3. Тамара Петрушевска
4. Моника Милицавска
5. Димитар Цикарски
6. Далибор Аврамовски
7. Марко Христов
8. Борис Цикарски
9. Кристијан Николовски
Наведените учесници, добија “Сертификат за национален судија“ издаден од БФМ.
За одбележување е и фактот, дека учеството на четири (4) претставнички на женската популација во семинарот, претставува дел од проектот на Македнонската и меѓународната федерација “ Жената во спортот“.


Средба со претседателот на Бадминтон Федерација на Косово (фотографија)
12/02/2021

Ранг листи за ВАУЧЕРИ 2021 за клубови и спортисти членови на Бадминтон федерација на Македонија
21/01/2021
Националната Комисија за ваучерски систем при Бадминтон федерацијата на Македонија, согласно Законот за спорт и Законот за ослободување на данок од добивка а во врска со повикот на Агенцијата за млади и спорт за Ваучер 2021 година на ден 16.01.2020 година ги прегледа добиените образци од клубовите и спортистите и ги усвои следниве предлог ранг листи.
Ранг листа на клубови за ваучер 2021 година
1 БК Инекс
2 БК Оникс
3 БК Победа
4 БК Алфа СЦБТ
5 БК ВИП
Ранг листи на спортисти за ваучер за 2021 година
1 Ина Стефановска
2 Иван Пејоски
3 Ивана Ристеска
4 Марио Џон
5 Неда Илиева
6 Елена Ристеска
7 Ива Стефановска
8 Никола Шашков
9 Димитар Цикарски
10 Марко Христов
11 Кирил Ивановски
По разгледување и утврдување на ранг листите од страна на Централната комисија за ваучерски систем при АМС, конечните листи ќе бидат дополнително објавени на нашата веб страница.
Пејовски и Стефановска најдобри на Завршниот национален турнир на Македонија во бадминтон
16/11/2020
Иван Пејовски во машка категорија и Ина Стефановска кај дамите се шампиони на Завршниот национален турнир во бадминтон за сезоната 2019/2020 што се одржа на 14.11.2020 година во салата „Кочо Рацин“ во општината Ѓорче Петров во Скопје. Првенството беше организирано по строго пропишан протокол за заштита од COVID-19 на Бадминтон федерацијата на Македонија кои претходно беа одобрени од „Комисијата за заразни болести“ при Министерството за здравство.
На првенството учество земаа натпреварувачи од 8 клубови: БК „Оникс“, БК „ВИП“, БК „Победа“, УСК „Ѓорѓи Димитров“, УСК „Владо Тасевски“, БК „Пикок“, БК „Инит“ и БК „Инекс“ со вкупно 118 натпреварувачи. Натпреварите се одржаа на 5 терени во сите дисциплини и тоа во сингл, дубл и мешани двојки во 7 возрасни категории.
РЕЗУЛТАТИ НА ЗАВРШНИОТ НАЦИОНАЛЕН ТУРНИР ВО БАДМИНТОН СЕЗОНА 2019/2020:
У9 МС прво место за Кален Тасевски;
У9 МД првото место го освоија Кален Тасевски и Леон Тасевски;
У9 ЖС прво место за Софија Шашкова;
У9 ЖС првото место го освоија Звезда Велевска и Софија Шашкова;
У11 МС прво место за Јован Павловски;
У11 ЖС прво место за Ива Живковска;
У11 МД првото место го освоија Лука Стефановски и Јован Павловски;
У11 ЖД првото место го освоија Матеа Павловска и Теодора Павловска;
У13 МС прво место за Марио Џон;
У13 ЖС прво место за Неда Илиева;
У13 МД првото место го освоијаМарио Џон и Никола Шашков;
У13 Микс првото место го освоија Ива Живковска и Јован Павловски;
У15 МС прво место за Далибор Аврамовски;
У15 ЖС прво место за Ивана Ристевска;
У15 МД првото место го освоија Марко Наумов и Марко Христов;
У15 ЖД првото место го освоија Ивана Ристевска и Неда Илиева;
У17 МС прво место за Иван Пејовски;
У17 ЖС прво место за Елена Ристевска;
У17 ЖД првото место го освоија Елена Ристевска и Ива Стефановска;
У17 Микс првото место го освоија Филип Дабевски и Марија Василева;
У19 МС прво место за Борис Цикарски;
У19 МД првото место го освоија Дамјан Стефановски и Филип Дабевски
Сениори МС прво место за Иван Пејовски;
Сениори ЖС прво место за Ина Стефановска;
Сениори МД прво место за Борис Цикарски и Димитар Цикарски.


Предлог мерки (протокол) за работа на бадминтон клубовите вклучени во системот на БФМ за превенција и заштита од КОВИД -19
08/08/2020
Во пресрет на почетокот на учебната 2020/2021 година, а од причина што во последните две години БФМ се определи нејзината целна група да биде – основни училишта и ученици од 7 до 14 години кои би ги вклучила во тренажниот процес на бадминтонот преку училишни а понатаму и клубски активности, Управниот Одбор на БФМ во соработка со сите активни клубови на територија на РС Македонија ги донесе ПРЕДЛОГ МЕРКИТЕ ( ПРОТОКОЛ ) ЗА РАБОТА НА БАДМИНТОН КЛУБОВИТЕ ВКЛУЧЕНИ ВО СИСТЕМОТ НА БФМ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И ЗАШТИТА ОД КОВИД -19, кои во исто време ги достави до Комисијата за заразни болести преку Министерството за здравство на РСМ на разгледување и усвојување.
Во исчекување на неговото одобрување, го претставуваме на увид на сите заинтересирани :
БФМ учествуваше на Собранието на BWF
21/07/2020
На 18.07.2020 година BWF го организираше и одржа своето редовно годишно Собрание. За прв пат во историјата на постоењето на BWF а предизвикано од светската панедмија со вирусот Ковид-19 ова Собрание беше одржано ВИРТУЕЛНО ( online ).
БФМ зема активно учество преку своите претставници на ова Собрание.
На истото се разговараше на теми во врска со агендите што беа предложени од страна на BWF и беше дискутирано за 13 точки од дневниот ред за кои што учесниците гласаа преку своите компјутери.
Следното Собрание на BWF кое во исто време ќе биде и изборно, треба да се одржи во месец Мај, 2021 година во Сузхоу – Р.Кина но оваа информација ќе биде потвреда до крајот на месец Октомври, 2020 година.
Предлозите беа следни:
- Proposal 1 – To ratify the scrutineers as proposed.
- Proposal 2 – To ratify the decision by Council to hold the virtual AGM 2020.
- Proposal 3 – To approve the minutes of the last AGM.
- Proposal 4 – To adopt the Audited Financial Statements for year ending 31 Dec 2019.
- Proposal 5 – To amend clause 15.20 of the BWF Constitution as proposed.
- Proposal 6 – To approve amendments to the BWF Constitution as proposed – Chair of the Para Badminton Athletes’ Commission on Council.
- Proposal 7 – To approve amendments to the BWF constitution as proposed – term limits for role of President.
- Proposal 8 – To approve amendments to the BWF Constitution as proposed – secret ballots for elections / election by acclamation.
- Proposal 9 – To approve amendments to the constitution as proposed, related to Judicial Provisions – AND – To delegate the Council to appoint the President, Deputy President and inaugural members of the Independent Hearing Panel as proposed.
- Proposal 10 – To approve amendments to the BWF Constitution as proposed to ensure geographical and gender representation on Council.
- Proposal 11 – To approve amendments to the BWF Constitution as proposed to include minimum eligibility criteria for candidates and elected officials of the BWF – AND – To delegate the Council 1) to declare prospective members of the inaugural Vetting Panel to be Eligible as proposed and 2) to appoint members of the inaugural Vetting Panel as proposed.
- Proposal 12 – To set the unit of subscription for 2021 at US$200.
- Proposal 13 – To maintain the services of BDO PLT as the BWF auditors for 2020.



Конкурс за добивање на категорија спортист – спортска надеж
12/07/2020
Агенијата за млади и спорт на Р.С. Македонија согласно своите надгледности објави конкурс за доделување на категорија спортист – Спортска надеж.
Согласно барањата на АМС, БФМ формира комисија во состав: Тасевски Горан, Штерјовски Ратко и Стефановски Диме кои ке изготват предлог – ранг листа на кандидати од Бадминтон Федерацијата на Македонија и како таква ке ја достават до АМС.
Листата со прифатени предлог кандидати ќе биде објавена.
Препорака од БФМ
11/04/2020
Управниот одбор на БФМ следејќи ги препораките и протоколите на Комисијата за заразни болести и на Владата на Република Северна Македонсија, на својата седница заклучи да ја сподели следната препорака до клубовите членки на БФМ, со која сака да им укаже дека заради опасноста од ширење на вирусот Ковид-19 им препорачува:
- клубовите да ја прекинат својата тренинг програма која се одвива во затворени спортски сали
- да продолжат сразмерно на своите можности со индивидуани тренинзи на отворен простор и
- да отпочнат со онлајн тренинзи за кои на натпреварувачите би им давале напаствија за работа во домашни услови
За било каква помош за реализација на наведените препораки, БФМ им стои на располагање на клубовите.
Извештај за ваучери на БФМ
15/03/2020
ИЗВЕШТАЈ на БФМ за реализација и искористеност на средства од даночно ослободување добиени преку ваучери а согласно Закон-от за данок на добивка.



Известување за сите спортисти,тренери и технички лица во клубовите членки на БФМ
09/04/2020
Календар за државно првенство во бадминтон 2019/2020
12/10/2019
Управниот Одбор на БФМ на својата седница одржана на 12.10.2019 година го усогласи и донесе календарот за натпреварувачката 2019/2020 сезона. Првенството ке се одржи во 6 кола, во категории У-9, У-11, У-13, У-15, У-17, У-19, Сениори и Ветерани-рекреативци и во дисциплини МС,ЖС,МД,ЖД и Микс.
Исто така донесена е одлука Натпреварувачката комисија да ја води Игор Миноски, а Судиската комисија која воедно ке има задача да обезбеди линиски и главни судии, во текот на првенството да организира неколку семинари преку кои ке се остручат нови судии-да ја води Марјан Стојановски.
Во продолжение е календарот за натпреварувачката 2019/2020 година:
- 1 коло – 03.11.2019
- 2 коло – 16.11.2019
- 3 коло – 21.12.2019
- 4 коло – 29.02.2020
- 5 коло – 28.03.2020
- 6 коло – 25.04.2020
Erasmus+ "It's All About The Game" Проект
08/10/2019
Македонската Бадминтон Федерација во 2019 та година се квалификуваше во Erasmus+ проектот “It’s All About The Game” кој е кофинансиран од Европската Унија. Пректот се одржа во повеќе етапи:
- Галати-Република Албанија
- Охрид-Република Македонија
- Китен-Република Бугарија
- Софија-Република Бугарија
Од 03-06.10.2019 проектот се одржа во Софија и една од целите беше да се потенцира дека спортот е еден од битните чинители меѓу младината кој придонесува за стекнување нови искуства, пријателства и дружби.
Во текот на реализација на проектните активности во Софија, се организираа посети на повеќе спортски и историски знаменитости. Во тој период учесниците на проектот од Македонија го посетија и следеа интернационалиот шампионат на Бугарија “Babolat Bulgarian International” кој е во организација на Светската Бадминтон Федерација и на кој учествуваат најдобрите светски натпреварувачи. Тоа за нас беше едно огромно искуство и доживување.
Како дел од проектот Македонија беше домаќин на втората транснационална средба која се одржа во Охрид во период од 12-16.06.2019 година. На оваа средба учествуваа 45 претставници од 3те земји. Покрај тоа што беа обработени сите предвидени теми имаше и слободно време во кое ние како домаќини успеавме на гостите да им ги презентираме сите знаменитости на Охрид од кои тие останаа воодушевени.
Во прилог ја претставуваме агендата и сите активности реализирани во рамките на проектот “It’s All Aboot The Game”.




Balkan BBA Championship U13
24/09/2019
Најмладите Македонски бадминтонисти и натаму редат успеси!
Во периодот од 11-15.09.2019 година земаа учество на Balkan BBA Championship U13 кој беше одржан во Бугарија. Играа играчите до 13 години и покажаа многу успеси во оваа категорија. Ги придружуваше тренерот Томче Христов, иако некои од нив имаат искуство од една година тие секако дадоа се од себе за да се покажат во најдобро светло и на крај го делеа 4тото и 5тото место заедно со играчите од Грција.
Се надеваме за уште многу натамошни успеси од нивна страна и им посакуваме се најдобро во нивната кариера како Македонски Бадминтон играчи.

Bulgarian Badminton Junior International Championship 2019
24/09/2019
Во период од 09-11.08.2019 година во рамките на календарот на Светската Федерација настапивме на овој престижен интернационален турнир со македонските претставници Иван Пејоски и Леонид Стојановски.
Во текот на турнирот играчот Леонид Стојановски изирга успешно во квалификациите за влез во главната шема кој во борба за влез играше против Данска, а Иван Стојановски се бореше против Турција во категорија сингл ( single ). Во двојната категорија дабл ( double ) македонските играчи ја совладаа двојката од Ирска и истите се пласираа меѓу 16 најдобри машки двојки земајќи го 9тото место.

ББА Тренинг камп Караташ
24/09/2019
ББА Тренинг Камп Караташ – Србија
Во периодот од 25.07-06.08.2019 година се одржа уште еден тренинг камп каде што македонските јуниори земаа учество заедно со играчите од националниот состав на Србија.
Оваа година ја исполнија со извонреден напор кој се надеваме дека еден ден ке ги доведе до врвот на нивната игра и кариера во бадминтонот.

Регионален тренинг камп Корча 2019
24/09/2019
Европски Тренинг Камп Корча
Нашите македонски репрезентативци земаа учество на Европскиот Регионален тренинг камп во Корча – Албанија , кој беше одржан од 03-10.07.2019 година.
На истиот учествуваа играчи до 15 години од цела Европа и сите имаа предизвици за подобра игра и стратегии во нивната игра. Тренинг кампот го водеше инструкторката Корина Дан од Република Романија.

Турција – Анкара 2019
05/07/2019
Турција – Анкара 2019
Во периодот од 02.07-05.07.2019 година нашите македонски натпреварувачи земаа учество и покажаа многу големи успеси на шампионатот во Турција-Анкара, на кој го освоија 4тото место екипно, а играчите Елена Ристеска и Иван Пејоски во индивидуалниот дел во 8мина финале ја победија двојката на Џорџија.

Градска средношколска лига
12/04/2019
Градска средношколска лига
Учесници :
– Ј Б Т
– Ѓорги Димитров
– Владо Тасевски ПТТ
– Лазар Танев
– НОВА
– Браќа Миладиновци
– Ветерина
– Никола Карев
Екипно во 3 кола:
Секое училиште има екипа од по 2 до 4 машки и 2 до 4 женски натпреварувачи.
Првото коло беше одиграно на 09.04.2019 година.
За прв пат во Македонскиот бадминтон, се воспостави Средносколска лига.
Пријавените уцесници-средни сколи, во месец Декември 2018, присуствуваа на семинар за обука на тренери, организиран од страна на БФМ, во рамките на семинарот им бесе доделена опрема, и како резултат на тоа, во своите средини отпочнаа со практикување на бадминтонот.
Крајната цел е реализирана, со тоа што оваа нова лига инволвира уценици од сите споменати училишта, а во иднина интенцијата е зголемуванје на учесниците и омасовување на бадминтонот како спорт.
Cyprus junior tournaments 2018
11/11/2018
Кипар 2018 Јуниорско првенство – 15.11.2018
И оваа година на меѓународното бадминтон јуниорското првенство во Никозија пет наши учесници од категоријата U17 зедоа учество на истото и тоа во состав: Елена Ристовска, Ивана Ристовска, Иван Пејовски, Огнен Трајковски и Леонид Стојанов. На истото освоија трето место во екипно натпреварување.



Балканијада – Перушица, U13
11/11/2018
Балканско првенство – Перушница (Пловдив), Р.Бугарија
Настап на балканското бадминтон првенство во Перушница, Р.Бугарија во периодот од 18.10 – 21.10.2018, под водство на тренерот Горан Тасевски. На истото свое учество зедоа наши играчи од катероријата У-13 и тоа: Неда Илиева, Јана Белева и Лука Стефановски.
На истиот нашата натпреварувачка Неда Илиева во поединечен настап го освои петтото место, додека во двојки заедно со Јана Белева го освоија шестотот.


Европски тренинг камп – Корча 2018
17/07/2018
Европски тренинг камп – Корча, Албанија
Пријателите на Ида Пили…
Како и минатата така и оваа година, во Корча, Р.Албанија наши претставници учествуваа на традиционалниот меѓународен бадминтон тренинг камп „Пријателите на Ида Пили“. На истиот нашите Леонид и Иван активно се вклучија на тренинзите кои ги водеа искусни меѓународни тренери.
Меѓудругото на истиот камп се одржа и меѓусебен натпревар на кој учествуваа претставници од 6 држави. Леонид и Иван зедоа учество и во натпреварувачкиот дел во двојки.

МЕДАЛИ ЗА НАЈМЛАДИТЕ – “Bulgaria Ruse International” 2018
17/07/2018
Најпријатно изненадување ни приредиа нашите најмлади бадминтонисти. Имено, од 28.06 до 01.07.2018 година во Русе (Р Бугарија) се одржа 21-от по ред, традиционален меѓународен турнир “Bulgaria Ruse International” 2018, во категории У 11, У 13 и У 17. Македонскиот национален тим настапи со вкупно 8 натпреварувачи во сите дисциплини. највредни резултати постигнаа:
Лука Стефановски , кој во својата категорија У 11, како најмлад натпреварувач, успеа да го освои 3-то место и Бронзен медал во дисциплина Машки единечно.
Ивана Ристеска настапи во категорија У 13, и успае да освои исто така Бронзен медал во дисциплина Женски двојки.
Леонид Стојанов и Иван Пејоски се пласираа во полу финалето во категорија У 17 во дисциплина машки двојки, но загубија од реално посилната бугарска двојка, но и 4 место во оваа силна конкуренција е голем успех.
Со истата судбина се соочи и Елена Ристеска, која во категорија У 15 не успеа да победи во полу финалето во дисциплина Женски единечно и се пласира на 4 место.
Бадминтон федерација-та на Македонија им го честита успехот постигнат на нашите млади натпреварувачи на овој престижен турнир и им посакува и натаму да бележат вакви резултати.
Бадминтон федерација-та на Македонија и понатаму ќе го поддржува и помага развојот на овие млади спортисти.
Успешно завршен “Семинар за Бадминтон тренери“ во општина Карпош
27/06/2018
Сите љубители на бадминтонот со задоволство ги известуваме дека првиот дел од Проектот – ИГРАМЕ БАДМИНТОН – предуслов за психо-физичко здравје низ популаризација и омасовување во основните училишта од општина „Карпош“, кој во соработка помеѓу Одделението за спорт на Општина карпош и Бадминтон Федерација-та на Македонија се спроведува на територија на Општина Карпош е успешно завршен.
Имено, во период од 18 до 22 Јуни во просториите на ООУ “ Војдан Чернодримски“ , Б Ф М организираше и одржа пет дневен Семинар за Бадминтон тренери – Основно ниво на пријавените посетители – наставници од неколку основни училишта од Општина Карпош и студенти од Факултетот за Физичка Кулрура.
Во рамки на семинарот опфатени беа 10 часа теоретска и 10 часа практична презентација, под водство на Мр. Тасевски Горан ( прв Селектор на националната екипа на Македонија ) кој успешно ги воведе посетителите во основите на овој се попопуларен спорт кај нас.
По завршување на Семинарот, сите учесници кои успешно го завршиа истиот, се стекнаа со Сертификат и квалификација БАДМИНТОН ТРЕНЕР – НИВО 1, што ќе им овозможи почеток на ангажман во своите средини ( училишни клубови, секции, наставни програми и сл) а се со цел поголем опфат на ученици од основните училишта и нивно инволвирање во спортот генерално, а дополнително и претставување на бадминтонот како спорт и негово омасовување.
Со Сертификат и квалификација БАДМИНТОН ТРЕНЕР – НИВО I (BASIC LEVEL) се стекнаа :
Петровски Зоран – ООУ “ Војдан Чернодримски“
Илиоска Светлана – ООУ “ Владо Тасевски“
Бочваровски Зоран – ООУ “ Аврам Писевски“
Топезановска татјана – ООУ “ Братство“
Пешиќ Марина – ПОУ “ Др. Златан Сремец“
Колевска Драгана – ФФК
Поповска Катерина – ФФК
Петковски Никола – ФФК
Атанасова Христина – ФФК
Дрндар Имран – ФФК
Спасовска Викторија – ФФК
Арсовски Марко – ФФК
Во вториот дел од Проектот, Бадминтон Федерација-та на Македонија, комплетно ќе ги опреми со бадминтон опрема ( мрежи, сталки, рекети, пера ) спортските сали во основните ушилишта чии што претставници успешно го завршиа семинарот.
Реализацијата на вториот дел од проектот, ќе биде во текот на месец Август, пред почетокот на новата училишна година.
Сите учесници на Семинарот беа поканети од страна на Б Ф М да бидат нивни гости, во период од 30 Август до 02 Септември во Охрид, каде ќе се одржи Балкански Бадминтон Шампионат.

Македонија дел од европската недела на спортот
24/08/2016
Во 2015 година по прв пат во Република Македонија се одржа Европска недела на спортот во периодот од 5-12 септември, со цел промоција на спортот и телесните активности.

Проектот се реализира преку Министерството за образование и наука на Република Македонија и Еразмус + програма, која вклучува организација на Европска недела на спортот. Тоа е иницијатива на Европската комисија за промовирање на спортот и физичката култура низ Европа.
Еразмус + е нова програма на ЕУ која има за цел да ги подобри вештините и можностите за вработување, преку едукација, обука на младите, а воедно и спортување.
Во периодот од 2014-2020 преку програмата ќе се обезбедат можности за повеќе од 4 милиони Европејци да учат, да се здобијат со работно искуство, да волонтираат во странство, но секако и во делот на развојот на европската димензија на спортот.
Отварањето на овогодишното издание на Европската недела на спортот кое ќе се одржи од 10 до 17 септември 2016 година се одвива во Кошице, Словачка, а во исто време низ цела Европа ќе се одржува ист овој настан, во кој ќе биде вклучена и нашата држава.
Европската недела за спорт вклучува настани и активности во 28 земји-членки на ЕУ, но и активности во Република Македонија, Исланд, Норвешка, Лихтенштајн и Турција.
Мотото на овој настан е #BeActive#, повик за акција за движење на Европејците.
Имплементација на Европската недела на спортот ќе се одржи од 10-17 септември 2016. Агенцијата за млади и спорт како партнер со Министерството за образование и наука на Република Македонија, во соработка со националните спортски федерации ќе одржи координативна средба, со цел усогласување на достапноста на сите човечки ресурси (спортски персонал, медицински персонал, безбедност) и материјални ресурси, а кои ќе придонесат за успешно одвивање на целата манифестација.
Во продолжение можете да го погледнете линкот за комплетната програма: