Голем успех за нашиот натпреварувач Петар Живковски кој во категорија У17 во машки сингл освои сребен медал и со ова ја исполни квотата да учествува на „Babolat International“ во организација на Светската бадминтон федерација BWF кој ќе се одржи од 06.10 – 10.10.2016 година во Софија.
Инаку на турнирот покрај Македонија учествуваа натпреварувачи и од 8 други земји: Бугарија, Турција, Грција, Грузија, Молдавија, Србија, Азербејџан и Романија.
Инаку нашиот тим беше предводен од искусниот тренер Ина Стефановска со следните натпреварувачи: Живковски Петар, Ристеска Елена, Стојанов Леонид, Стефановска Ива.
Во останатите категории во женски и машки дубл нашите натпреварувачи се пласираа до 1/4 финалните мечеви.