Пејовски и Стефановска најдобри на Завршниот национален турнир на Македонија во бадминтон

Иван Пејовски во машка категорија и Ина Стефановска кај дамите се шампиони на Завршниот национален турнир во бадминтон за сезоната 2019/2020.  Првенството беше организирано по строго пропишан протокол за заштита од COVID-19 на Бадминтон федерацијата на Македонија кои претходно беа одобрени од „Комисијата за заразни болести“ при Министерството за здравство.

На првенството учество земаа натпреварувачи од 6 клубови: БК „Оникс“, БК „ВИП“, БК „Победа“, УСК „Ѓорѓи Димитров“, УСК „Владо Тасевски“ и БК „Инекс“ со вкупно 118 натпреварувачи. Натпреварите се одржаа на 5 терени во сите дисциплини и тоа во сингл, дубл и мешани двојки во 7 возрасни категории.

РЕЗУЛТАТИ НА ЗАВРШНИОТ НАЦИОНАЛЕН ТУРНИР ВО БАДМИНТОН СЕЗОНА 2019/2020:
У9 МС прво место за Кален Тасевски;
У9 МД првото место го освоија Кален Тасевски и Леон Тасевски;
У9 ЖС прво место за Софија Шашкова;
У9 ЖС првото место го освоија Звезда Велевска и Софија Шашкова;
У11 МС прво место за Јован Павловски;
У11 ЖС прво место за Ива Живковска;
У11 МД првото место го освоија Лука Стефановски и Јован Павловски;
У11 ЖД првото место го освоија Матеа Павловска и Теодора Павловска;
У13 МС прво место за Марио Џон;
У13 ЖС прво место за Неда Илиева;
У13 МД првото место го освоијаМарио Џон и Никола Шашков;
У13 Микс првото место го освоија Ива Живковска и Јован Павловски;
У15 МС прво место за Далибор Аврамовски;
У15 ЖС прво место за Ивана Ристевска;
У15 МД првото место го освоија Марко Наумов и Марко Христов;
У15 ЖД првото место го освоија Ивана Ристевска и Неда Илиева;
У17 МС прво место за Иван Пејовски;
У17 ЖС прво место за Елена Ристевска;
У17 ЖД првото место го освоија Елена Ристевска и Ива Стефановска;
У17 Микс првото место го освоија Филип Дабевски и Марија Василева;
У19 МС прво место за Борис Цикарски;
У19 МД првото место го освоија Дамјан Стефановски и Филип Дабевски
Сениори МС прво место за Иван Пејовски;
Сениори ЖС прво место за Ина Стефановска;
Сениори МД прво место за Борис Цикарски и Димитар Цикарски.

Предлог мерки (протокол) за работа на бадминтон клубовите вклучени во системот на БФМ за превенција и заштита од КОВИД -19

Во пресрет на почетокот на учебната 2020/2021 година, а од причина што во последните две години БФМ се определи нејзината целна група да биде – основни училишта и ученици од 7 до 14 години кои би ги вклучила во тренажниот процес на бадминтонот преку училишни а понатаму и клубски активности, Управниот Одбор на БФМ во соработка со сите активни клубови на територија на РС Македонија ги донесе ПРЕДЛОГ МЕРКИТЕ ( ПРОТОКОЛ ) ЗА РАБОТА НА БАДМИНТОН КЛУБОВИТЕ ВКЛУЧЕНИ ВО СИСТЕМОТ НА БФМ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И ЗАШТИТА ОД КОВИД -19, кои во исто време ги достави до Комисијата за заразни болести преку Министерството за здравство на РСМ на разгледување и усвојување.
Во исчекување на неговото одобрување, го претставуваме на увид на сите заинтересирани :

БФМ учествуваше на Собранието на BWF

На 18.07.2020 година BWF го организираше и одржа своето редовно годишно Собрание. За прв пат во историјата на постоењето на BWF а предизвикано од светската панедмија со вирусот Ковид-19 ова Собрание беше одржано ВИРТУЕЛНО ( online ). 

БФМ зема активно учество преку своите претставници на ова Собрание.

На истото се разговараше на теми во врска со агендите што беа предложени од страна на BWF и беше дискутирано за 13 точки од дневниот ред за кои што учесниците гласаа преку своите компјутери.

Предлозите беа следни: 

  • Proposal 1 – To ratify the scrutineers as proposed.
  • Proposal 2 – To ratify the decision by Council to hold the virtual AGM 2020.
  • Proposal 3 – To approve the minutes of the last AGM.
  • Proposal 4 – To adopt the Audited Financial Statements for year ending 31 Dec 2019.
  • Proposal 5 – To amend clause 15.20 of the BWF Constitution as proposed.
  • Proposal 6 – To approve amendments to the BWF Constitution as proposed – Chair of the Para Badminton Athletes’ Commission on Council.
  • Proposal 7 – To approve amendments to the BWF constitution as proposed – term limits for role of President.
  • Proposal 8 – To approve amendments to the BWF Constitution as proposed – secret ballots for elections / election by acclamation.
  • Proposal 9 – To approve amendments to the constitution as proposed, related to Judicial Provisions – AND – To delegate the Council to appoint the President, Deputy President and inaugural members of the Independent Hearing Panel as proposed.
  • Proposal 10 – To approve amendments to the BWF Constitution as proposed to ensure geographical and gender representation on Council.
  • Proposal 11 – To approve amendments to the BWF Constitution as proposed to include minimum eligibility criteria for candidates and elected officials of the BWF – AND – To delegate the Council 1) to declare prospective members of the inaugural Vetting Panel to be Eligible as proposed and 2) to appoint members of the inaugural Vetting Panel as proposed.
  • Proposal 12 – To set the unit of subscription for 2021 at US$200. 
  • Proposal 13 – To maintain the services of BDO PLT as the BWF auditors for 2020. 

Следното Собрание на BWF кое во исто време ќе биде и изборно, треба да се одржи во месец Мај, 2021 година во Сузхоу – Р.Кина но оваа информација ќе биде потвреда до крајот на месец Октомври, 2020 година.

Конкурс за добивање на категорија спортист – Спортска надеж

Агенијата за млади и спорт на Р.С. Македонија согласно своите надгледности објави конкурс за доделување на категорија спортист – Спортска надеж. 

Согласно барањата на АМС, БФМ формира комисија во состав: Тасевски Горан, Штерјовски Ратко и Стефановски Диме кои ке изготват предлог – ранг листа на кандидати од Бадминтон Федерацијата на Македонија и како таква ке ја достават до АМС.

Листата со прифатени предлог кандидати ќе биде објавена.

BWF и BE го објавија новиот календар за јуниори и сениори

Поради актуелната ситуација со светската пандемија, BWF и BE беа приморени многу од закажаните меѓународни натпревари, турнири и првенства да ги откаже или да ги презакаже со нови датуми. 

Во прилог БФМ ви го презентира најновиот календар за 2020 година ( ние и понатаму ќе ја следиме состојбата и доколку има нови промени ќе известуваме )

Junior Tournament - 07.07.2020

Elite Tournament - 07-07-2020

Препорака од БФМ

Препорака од БФМ

Управниот одбор на БФМ следејќи ги препораките и протоколите на Комисијата за заразни болести и на Владата на Република Северна Македонсија, на својата седница заклучи да ја сподели следната препорака до клубовите членки на БФМ, со која сака да им укаже дека заради опасноста од ширење на вирусот Ковид-19 им препорачува:

  • клубовите да ја прекинат својата тренинг програма која се одвива во затворени спортски сали 
  • да продолжат сразмерно на своите можности со индивидуани тренинзи на отворен простор и
  • да отпочнат со онлајн тренинзи за кои на натпреварувачите би им давале напаствија за работа во домашни услови

За било каква помош за реализација на наведените препораки, БФМ им стои на располагање на клубовите.

Известување за сите спортисти,тренери и технички лица во клубовите членки на БФМ

Известување за сите спортисти,тренери и технички лица во клубовите членки на БФМ :

Информација за финасиска поддршка за време на траење на вонредна состојба

ПОЧИТУВАНИ,
 
Ве известуваме за донесената УРЕДБА за ​финансиска поддршка за спортисти, стручни лица и спортска администрација за време на траењето на вонредна состојба. Во прилог ви ја испраќаме Уредбата, официјален допис и  сите потребни информации и обрасци.
 
Ве молиме, ЗАДОЛЖИТЕЛНО при  поднесување на вашата документација во архивата на Агенција за млади и спорт, да поднесете и пропратно писмо во кој ќе ги наведете документите кои се приложуваат

Информации и обрасци :

Извештај за ваучери на БФМ

ИЗВЕШТАЈ

на БФМ за реализација и искористеност на средства од даночно ослободување добиени преку ваучери а согласно Закон-от за данок на добивка

Календар

Календар за државно првенство во бадминтон 2019/2020

Управниот Одбор на БФМ на својата седница одржана на 12.10.2019 година го усогласи и донесе календарот за натпреварувачката 2019/2020 сезона. Првенството ке се одржи во 6 кола, во категории У-9, У-11, У-13, У-15, У-17, У-19, Сениори и Ветерани-рекреативци и во дисциплини МС,ЖС,МД,ЖД и Микс.

Исто така донесена е одлука Натпреварувачката комисија да ја води Игор Миноски, а Судиската комисија која воедно ке има задача да обезбеди линиски и главни судии, во текот на првенството да организира неколку семинари преку кои ке се остручат нови судии-да ја води Марјан Стојановски. 

Во продолжение е календарот за натпреварувачката 2019/2020 година:

  • 1 коло – 03.11.2019
  • 2 коло – 16.11.2019
  • 3 коло – 21.12.2019
  • 4 коло – 29.02.2020
  • 5 коло – 28.03.2020
  • 6 коло – 25.04.2020

Erasmus+ Проект

Erasmus+ "It's All About The Game" Проект

Македонската Бадминтон Федерација во 2019 та година се квалификуваше во Erasmus+ проектот “It’s All About The Game” кој е кофинансиран од Европската Унија. Пректот се одржа во повеќе етапи:

  • Галати-Република Албанија
  • Охрид-Република Македонија
  • Китен-Република Бугарија
  • Софија-Република Бугарија

Од 03-06.10.2019 проектот се одржа во Софија и една од целите беше да се потенцира дека спортот е еден од битните чинители меѓу младината кој придонесува за стекнување нови искуства, пријателства и дружби.

Во текот на реализација на проектните активности во Софија, се организираа посети на повеќе спортски и историски знаменитости. Во тој период учесниците на проектот од Македонија го посетија и следеа интернационалиот шампионат на Бугарија “Babolat Bulgarian International” кој е во организација на Светската Бадминтон Федерација и на кој учествуваат најдобрите светски натпреварувачи. Тоа за нас беше едно огромно искуство и доживување.

Како дел од проектот Македонија беше домаќин на втората транснационална средба која се одржа во Охрид во период од 12-16.06.2019 година. На оваа средба учествуваа 45 претставници од 3те земји. Покрај тоа што беа обработени сите предвидени теми имаше и слободно време во кое ние како домаќини успеавме на гостите да им ги презентираме сите знаменитости на Охрид од кои тие останаа воодушевени.

Во прилог ја претставуваме агендата и сите активности реализирани во рамките на проектот “It’s All Aboot The Game”.