Предлог мерки (протокол) за работа на бадминтон клубовите вклучени во системот на БФМ за превенција и заштита од КОВИД -19

Во пресрет на почетокот на учебната 2020/2021 година, а од причина што во последните две години БФМ се определи нејзината целна група да биде – основни училишта и ученици од 7 до 14 години кои би ги вклучила во тренажниот процес на бадминтонот преку училишни а понатаму и клубски активности, Управниот Одбор на БФМ во соработка со сите активни клубови на територија на РС Македонија ги донесе ПРЕДЛОГ МЕРКИТЕ ( ПРОТОКОЛ ) ЗА РАБОТА НА БАДМИНТОН КЛУБОВИТЕ ВКЛУЧЕНИ ВО СИСТЕМОТ НА БФМ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И ЗАШТИТА ОД КОВИД -19, кои во исто време ги достави до Комисијата за заразни болести преку Министерството за здравство на РСМ на разгледување и усвојување.
Во исчекување на неговото одобрување, го претставуваме на увид на сите заинтересирани :

Турнир Кисела Вода 2017

Во рамките на редовните активности на Бадминтон федерацијата на Македонија, на ден 11.03.2017 година во салата при ООУ „Партение Зоографски“ се одржа турнир во бадминтон на ниво на град Скопје. На истиот свое учество зедоа играчи во јуниорска категорија, како и ветерани од клубовите БК „Победа“, БК „Вип“, БК „Марива“, БК „Инекс“. На истиот свое учество зедоа и ученици од ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, ООУ „Партение Зоографски“ како и други активисти и љубители на овој спорт.