Македонската Бадминтон Федерација во 2019 та година се квалификуваше во Erasmus+ проектот “It’s All About The Game” кој е кофинансиран од Европската Унија. Пректот се одржа во повеќе етапи:
- Галати-Република Албанија
- Охрид-Република Македонија
- Китен-Република Бугарија
- Софија-Република Бугарија
Од 03-06.10.2019 проектот се одржа во Софија и една од целите беше да се потенцира дека спортот е еден од битните чинители меѓу младината кој придонесува за стекнување нови искуства, пријателства и дружби.
Во текот на реализација на проектните активности во Софија, се организираа посети на повеќе спортски и историски знаменитости. Во тој период учесниците на проектот од Македонија го посетија и следеа интернационалиот шампионат на Бугарија “Babolat Bulgarian International” кој е во организација на Светската Бадминтон Федерација и на кој учествуваат најдобрите светски натпреварувачи. Тоа за нас беше едно огромно искуство и доживување.
Како дел од проектот Македонија беше домаќин на втората транснационална средба која се одржа во Охрид во период од 12-16.06.2019 година. На оваа средба учествуваа 45 претставници од 3те земји. Покрај тоа што беа обработени сите предвидени теми имаше и слободно време во кое ние како домаќини успеавме на гостите да им ги презентираме сите знаменитости на Охрид од кои тие останаа воодушевени.
Во прилог ја претставуваме агендата и сите активности реализирани во рамките на проектот “It’s All Aboot The Game”.