Нешто повеќе за Бадминтон
Еден поглед на вистински бадминтон натпревар ќе покаже дека бадминтонот е вистински спорт. Најдобрите денешните играчи во бадминтон мора да бидат експлозивни, да имаат одлични рефлекси и одлична координација. Во еден типичен бадминтон натпревар, најдобрите играчи ќе го поминат речиси секој дел од теренот и ке претрчаат повеќе од 6 километри.
Инаку, кога е во прашање овој спорт, мора да се споменат и неколку куриозитети како:
Најголемата брзина на перцето при смеч досега е измерена во 2009 година и инесува 421 км/час (од страна на машки играч) што го прави бадминтонот најбрз рекетен спорт во светот.
– Помеѓу една промена на сервис, играчот понекогаш смечира и повеќе од 10 пати во серија – се работи за навистина силни и експлозивни смеч удари кои, и покрај нивната силина и брзина, се пресретливи за противничкиот играч што е дополнителен куриозитет.
– За време на еден меч кој се состои од три добиени сета до 21 поен, играчот поминува/претрчува повеќе од 6 километри што е најмалку двојно повеќе од тенисот.
– Со оглед на фактот што опремата за бадминтон, односно рекетот кој тежи од 80 до 100 грама и перцето кое тежи 5 грама, е исклучително лесна, бадминтон играчите изведуваат од најексплозивни до најфини движења со рекетот и сопственото тело што го чини овој спорт привлечен за гледање.