бадминтон

Play Video

Нешто повеќе за Бадминтон

Еден поглед на вистински бадминтон натпревар ќе покаже дека бадминтонот е вистински спорт. Најдобрите денешните играчи во бадминтон мора да бидат експлозивни, да имаат одлични рефлекси и одлична координација. Во еден типичен бадминтон натпревар, најдобрите играчи ќе го поминат речиси секој дел од теренот и ке претрчаат повеќе од 6 километри.

Инаку, кога е во прашање овој спорт, мора да се споменат и неколку куриозитети како:

Најголемата брзина на перцето при смеч досега е измерена во 2009 година и инесува 421 км/час (од страна на машки играч) што го прави бадминтонот најбрз рекетен спорт во светот.

– Помеѓу една промена на сервис, играчот понекогаш смечира и повеќе од 10 пати во серија – се работи за навистина силни и експлозивни смеч удари кои, и покрај нивната силина и брзина, се пресретливи за противничкиот играч што е дополнителен куриозитет.

– За време на еден меч кој се состои од три добиени сета до 21 поен, играчот поминува/претрчува повеќе од 6 километри што е најмалку двојно повеќе од тенисот.

– Со оглед на фактот што опремата за бадминтон, односно рекетот кој тежи од 80 до 100 грама и перцето кое тежи 5 грама, е исклучително лесна, бадминтон играчите изведуваат од најексплозивни до најфини движења со рекетот и сопственото тело што го чини овој спорт привлечен за гледање.

Правила На игра

Бадминтон е рекетен спорт кој се игра или помеѓу двајца противнички играчи (поединечно), или помеѓу два противнички пара (двојки). Играчите (паровите) завземаат позиции на спротивните половини од теренот кој е одделен со мрежа.

Играчите го удираат перото со нивните рекети, така да тоа премине преку мрежата на спротивната половина. Поенот завршува кога перото ќе падне на земјата: секој удар мора да се одигра како “волеј”. Во двојки, било кој играч смее да го удри топчето (спротивно од пинг-понг), освен на сервис, меѓутоа само еден удар е дозволен пред перото да отиде на спротивната половина.

Играчите освојуваат поен доколку перото слета во противничкото поле, или ако противниците не успеат да го удрат перото преку мрежата или го удрат надвор.