За прв пат Македонскиот бадминтон се претстави на Медитеранските игри.
Од 21.08 до 03.09 во Таранто(Р Италија) Македонија учествуваше на игрите со 19 спорта. Меѓу нив беше и бадминтонот претставуван од нашите натпреварувачи Иван Пејоски и Ведан Стефановски.

Настапувавме во дисциплини машки единечно и машки двојки. Во конкуренција на 26 земји, Иван освои 9 место во машки единечно а исто така и 9 место заедо со Ведан во дисциплина машки двојки. Овој пласман е повеќе од очекуваниот ако се земе во обзир дека на овој настан учествуваа72 натпреварувачи меѓу кои и врвни европски бадминтонисти од Шпанија, Италија,Турција и други, кои се во врвот на европскиот и светскиот бадминтон.

