Медитерански игри Таранто 2026

За прв пат Македонскиот бадминтон се претстави на Медитеранските игри.

Од 21.08 до 03.09 во Таранто(Р Италија) Македонија учествуваше на игрите со 19 спорта. Меѓу нив беше и бадминтонот претставуван од нашите натпреварувачи Иван Пејоски и Ведан Стефановски.

Настапувавме во дисциплини машки единечно и машки двојки. Во конкуренција на 26 земји, Иван освои 9 место во машки единечно а исто така и 9 место заедо со Ведан во дисциплина машки двојки. Овој пласман е повеќе од очекуваниот ако се земе во обзир дека на овој настан учествуваа72 натпреварувачи меѓу кои и  врвни европски бадминтонисти од Шпанија, Италија,Турција и други, кои се во врвот на европскиот и светскиот бадминтон.